Мајнц ја доби супер битката за опстанок во Бундеслигата

Келн и Мајнц приредија спектакуларна фудбалска претстава, а дуелот на двата тима кои се борат за опстанок во Бундеслигата, заврши со триумф на Мајнц од 3-2. Јарците губеа со 0-1, па водеа со 2-1, а на крај сепак не освоија ни бод, откако во 91-ва минута, Леандро Бареиро го постигна третиот погодок за гостите.

Мајнц не падна психички откако противникот им направи пресврт, па успеаја да се извлечат и да освојат три големи бодови. Сега Мајнц има пет меча по ред без пораз, но и понатаму е загрозен, на шест кола до крајот има пет бода пред Келн кој е претпоследен на табелата. Од Бундеслигата испаѓаат последните два тима, а 16-тиот игра бараж.

- Оглас -

Најнови вести