Мајстор кој фати тикет на голови во ЛШ, а не ја играл играта 0-2 погодоци

Вчерашните мечеви во Лигата на шампионите донесоа малку неочекувани резултати барем кога се однесува за бројот на постигнати погодоци. На осум меча имаше само 14 погодоци, а тоа што остана впечатливо е дека на сите натпревари немаше повеќе од два погодоци.

Многумина веднаш искоментираа дека нема шанси некој да ги одиграл сите мечеви 0-2 гола, но затоа се најде мајстор кој успеа на голови да ги погоди сите шест меча кои започнаа од 21 часот, а тоа да не биде 0-2 погодоци. Одиграно е дека на сите шест средби ќе има 2-3 гола, а така и беше.

Челзи со 2:0 го победи Милан на гости, а со ист резултат славеше и Лајпциг кај Селтик. На останатите четири дуели, резултатот беше 1:1. Од сите дуели, најголемата  драма беше во Варшава, каде што Реал со голот на Рудигер во 95-тата минута израмни на 1:1 и така го направи тикетот да е добитен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести