Мајстори за бизнис: Тотенхем смени пола тим со 102 милиони евра

Иако веќе е традиција во секој преоден рок да има барем по еден 100-милионски трансфер, има клубови кои за истата сума потполно ја обновуваат екипата.

Таков е случајот со Тотенхем по промоцијата на шестото летно засилување, Џед Спенс. За 21-годишниот надежен десен бек на Мидлсборо, Петлите договорија сума од 15 милиони евра, а според одредени бонуси, трансферот во иднина може да стане поскап. Спенс инаку потпиша петгодишен договор со тимот кој го предводи Антонио Конте.

Со овој трансфер, Тотенхем стигна до цифрата од 102 милиони евра за вкупно шест засилувања. Најмногу се потрошени за Ришарлисон, 58 милиони, уште 29 за Бисума, Ленгле е позајмен од Барселона, додека Перишиќ и Форстер стигнаа како слободни агенти.

Конте во новата сезона ќе смета на прилично освежен состав со кој дефинитивно повторно ќе напаѓа топ 4 во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести