Мајстори за кошарка: Една четвртина е доволна за добивка, а има и експерт за поени

Типувач од Делчево си ќари фантастична добивка од 309.256 денари, или околу 5.000 евра, прогнозирајќи дека на осумте одбрани типови ќе паднат најмалку три гола. Влогот од 1.000 денари му донесе и одличен бонус од 22.907 денари, а за тикетот да биде добитен голема заслуга има фудблаерот на Кру Александра Крис Портер, кој им донесе победа на домаќините од 2-1 со неговиот гол во 90-тата минута од мечот против Краули таун во четвртата англиска лига.

Повеќето типови се од пониските англиски лиги, а типувачот меѓу нив ги погоди дека и на мечевите Спарта Ротердам – Ден Хаг, односно Специја – Кремонезе ќе има три или повеќе погодоци.

СТРУЖАНИ СЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОЛУВРЕМЕ-КРАЈ, НО И БРОЈ НА ПОГОДОЦИ

Типувач од Струга состави мајсторски тикет само од четири пара и влог од 20 денари за сочна добивка од 100.640 денари. Идентично типуваните парови да биде реми на полувреме и домаќинот да победи на крај, притоа на сите средби да се постигнат од два до четири гола.

Шарлроа – Мехелен мируваа во првите 45 минути, па на крајот домаќините славеа со 2-1. Точно е погоден и бразилскиот дуел меѓу Санта Круз и Салгеиро. По 1-1 на полувреме, Санта Круз стигна до победнички гол и конечни 2-1. Блекбурн со три гола во вториот дел го потопи Хал, додека исто како и типувачот од Делчево, и на Стружанецот му се насмевна среќата со погодокот на Портер за 2-1 во 90-тата минута во корист на Кру Александра.

МАЈСТОРОТ ЗА КОШАРКАРИ ОД НБА-ЛИГАТА СЕ КРИЕ ВО СКОПЈЕ

На уплатното место „Соборна“ се појави мајстор кој знае да намириса кои кошаркари од НБА-лигата ќе имаат ефикасна или разочарувачка ноќ. Типувачот бил сигурен во ѕвездите Харден, Ембид и Ленард дека ќе ја надминат понудената граница на поени, додека предвидел дека останатите четворица кошаркари ќе одиграат под просекот. Неговите прогнози му донесоа 79.108 денари добивка при влог од 1.000 денари.

Харден ја надмина границата за цели 10 поени, против Бостон реализира 42 коша, додека во дуелот Филаделфија – Клиперс токму Ембид и Ленард беа најефикасните играчи на двете страни, со тоа што ѕвездата на Клиперс реализира 30 поени, додека камерунскиот центар застана на 26.

Еден од играчите на кои типувачот се надевал дека нема да постигне голем број поени е Иш Смит, членот на Вашингтон, кој во победата над Чикаго реализира само 10 поени, односно точно застана на потребната граница за да биде добитен.

ТИКЕТ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОБИТЕН И ПРЕД ДА ЗАВРШАТ НАТПРЕВАРИТЕ, САМО ТРЕБА ДА СЕ ПОГОДАТ ВОВЕДНИТЕ ЧЕТВРТИНИ

Типувачот од Охрид очигледно си го најде системот кој ќе му носи добивки, како на пример, оваа од 39.968 денари, за која вложил 500 денари. Oд вкупно седум кошаркарски пара, кои се составени од европски лиги и поддржани од еден НБА дуел, шест се типувани со играта повеќе/помалку поени во прва четвртина.

Типувачот ги начекал сите шест меча во кои убедливо се надминати границите на поени во првите 10, односно 12 минути според НБА-стандардите, а во преостанатиот седми тип очекувал Бамберг да постигне најмалку 23 поени во првата четвртина, а домаќините постигнаа 2 повеќе.

- Оглас -

Најнови вести