Мајсторијата на Ди Марија го „расплака“ Уругвај (ВИДЕО)

Аргентина славеше на гостувањето кај Уругвај со минимални 1:0 и со тоа дојде чекор поблиску да обезбеди настап на Светското првенство во Катар.

Анхел Ди Марија со маестрален погодок во седмата минута, донесе три бода за својата селекција, а ги разочара домашните играчи и фанови.

Уругвај остана на цифрата од 16 бодови, по 13 одибрани натпревари и во моментов е на делба на шестото место.

Како што е познато, од Јужна Америка дирекно патуваат најдобрите четири екипи, а петтиот игда бараж натпревар.

За Аргентина, сега следува големиот меч против Бразил, кој се игра во среда во 00:30 часот.

Додека, Уругвај едноставно мора да победи на гостувањето против Боливија во меч кој се игра во вторник од 21:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести