Предизвик за мајсторите на Спортска прогноза, да се погоди 13-ка во квалификации за ЕП 2020 година

Европското првенство следната година е јубилејно и ќе се игра во 12 градови ширум Европа, а вистински предизвик за мајсторите на Спортска прогноза во играта што ја организираат Спорт Манија и Sport Life е да се погодат викенд-паровите од второто квалификациско коло по групи за пласман на ЕП 2020.

Може ли Македонија да ја победи Словенија во Љубљана, како што го направи тоа во премиерниот меч за историја во Крањ во 1993 година?

Дербито на поранешните братски Републики во составот на Југославија е само еден од 13-те пара кои ви ги нудиме во новото коло на Спортската прогноза.

Ќе биде вистинска умешност да се погодат исходите и на дерби-дуелите меѓу Унгарија и Хрватска, Португалија и Србија, на менито е и регионалното дерби меѓу Косово и Бугарија, а има уште дузина интересни двојки.

Прогнозирајте за вредни награди кои за вас ги подготви Sport Life во соработка со Спорт Манија и играјте за двојна добивка. Ве наградуваме секое коло, а подготвени се убави награди и за најдобрите во Генералниот пласман во првата сезона на популарната игра.

Прогнозирањето е исклучително лесно, само треба да ја посетите страницата на Спорт Манија и во неколку едноставни чекори да прогнозирате 13+2 двојки за новото десетто коло, кое почнува денеска и ќе трае до почетокот на првиот меч од Спортската прогноза.

 

 

Прогнозирајте 13 + 2 натпревари (двата дополнителни пара се резервни во случај на одложен или за прекинат натпревар од главните 13) секој вторник до почетокот на првиот натпревар.

 

Правила

  • Прогнозерот со погодени 13 натпревари добива телефон iPhone XS.
  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.
  • Прогнозерот со погодени 10 натпревари добива ваучер од 200 денари.

Доколку двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).

За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija

Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.
Добитникот на материјалните награди треба да се идентификува со лична исправа со име кое се поклопува со Facebook профилот од кој е прогнозирано.
Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.
На една Sport Life клуб картичка може да се префрли само еден ваучер во тековно коло.
Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести