Мајсторка ќе го одлучи шампионот во НХЛ

Екипата на Бостон победи со 5:1 на гости кај Сент Луис и на тој начин израмни на 3:3 во победи во големото финале на НХЛ. Сент Луис беше подготвен да го слави трофејот во Стенли купот бидејќи со триумф пред своите навивачи ќе беше шампион. Сепак, така не мислеа гостите, кои поведоа во првата третина. На семафорот стоеше 0:1 до 43-тата минута од мечот, кога Карло зголеми на 2:0, а Кулман со погодокот во 51-вата минута само потврди дека нема да има шампионска радост по овој дуел.

Со оваа победа, Бостон дојде во ситуација да ја има предноста на домашен терен во решавачкиот седми меч. Популарната мајсторка ќе се игра рано наутро на 13 јуни, во 2 часот по македонско време.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести