Мајсторија, а не среќа е да се одигра на икс и на „икс во кец“, за што си ќари 6.000 евра (Фото)

Викендов беше исполнет со доста добитни тикети меѓу обложувачите, а два се посебно интересни поради игрите и добивките.

На уплатно место на Sport Life во Куманово исплатен е тикет кој има нето-добивка од 363.091 денари, а уплатата е 200 денари. Вкупната квота изнесува 2.125, а се одиграни шест натпревари, на коишто беше одиграно фикс нула и „икс во кец“.

Сите квоти се поголеми од 3.00, а најголемата изнесува 4.10.

На тикетот се шест натпревари коишто се играа вчера од 15 часот. Кумановецот одиграл дека четири меча ќе завршат без победник Севиља – Бетис, Вердер – Ајнтрахт, Лацио – Рома и Челзи – Манчестер сити, додека „икс во кец“ се одиграни мечевите Атлетико Мадрид – Виљареал и Ред Бул Лајпциг – Фрајбург.
Двата меча на коишто беше одиграно „икс во кец“ завршија со идентични 3:1 и со идентични 1:1 на полувреме. Атлетико Мадрид и Ред Бул Лајпциг до победите над Виљареал и Фрајбург стигнаа без многу возбудувања со по два гола во второто полувреме.
Градското дерби меѓу Севиља и Бетис заврши 1:1, а двата гола беа постигнати во 72-рата и 79-тата минута. Вердер и Ајнтрахт одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2. Домашниот тим до 65-тата минута водеше со 2:0, но Ајнтрахт со головите на Шкири и Смолчиќ во 65-тата и во 75-тата минута успеа да се избори за бод.
Лацио и Рома го одиграа едно од најдосадните градски дербија кое заврши без голови, но затоа последната нула наплати и за Дерби дела Капитале. Челзи и Манчестер сити одиграа дури 4:4 и тоа беше најкритичниот меч за кумановецот кој „добро со испоти“ за добивката од 6.000 евра.
Првото полувреме заврши 2:2, а вистинска лудница на „Стемфорд бриџ“ се случуваше во финишот од мечот. Родри во 86-тата минута погоди за водство на Сити од 3:4, но токму поранешниот играч на Граѓаните, Кол Палмер, во 95-тата минута го реализира пеналот за 4:4.

ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ МУ ДОНЕСОА ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ 1.500 ЕВРА

Во објект на Sport Life во скопската населба Ѓорче Петров обложувач со уплата од 200 денари си заработи 86.354 денари нето. Тој одиграл десет меча на коишто барал да се постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Трите неделни меча во Премиер лигата завршија со победи на домаќините, Астон вила со 3:1 го совлада Фулам, Ливерпул славеше со 3:0 над Брентфорд, а Вест хем пред своите гледачи го совлада Нотингам форест со 3:2, а головите беа распределени во двете полувремиња.

Во Ла лига, Барселона и Атлетико Мадрид победија со 2:1, односно 3:1, а притоа беше исполнет условот на обложувачот.

И на мечевите Фиорентина – Болоња (2:1), Ред Бул Лајпциг – Фрајбург (3:1), Баер Леверкузен – Унион Берлин (4:0) и Вердер – Ајнтрахт (2:2) исто така беше исполнет условот. Најкритично беше на лисабонското дерби Бенфика – Спортинг во кое Орлите до победата од 2:1 дојдоа со два гола во судиското продолжение, односно во 94-тата и во 97-мата минута и со тоа го донесоа радост и добивка во Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести