Мајсторската акција на Милионерите го донесе голот вреден три бода (видео)

Борусија Дортмунд се зацврсти на втората позиција на табелата во Бундеслигата и е сè поблиску да го осигура пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона. Милионерите со минимални 1-0 ја совладаа Херта од Берлин по одличната комбинација на Санчо, Брант и реализаторот Џан.

Се играше 57-та минута кога во опасната зона Санчо со лоб пас го проигра Брант, овој со глава ја спушти топката пред Џан кој од прва се закани кон гостинткиот гол и ја затресе мрежата. Дортмунд го запиша 19-от триумф во Бундеслигата по 30 кола, со кој стигна до 63 бода, четири повеќе од третопласираниот Лајпциг.

Херта пак, го забележа првиот пораз по рестартот на сезоната во германскиот шампионат, откако во претходните четири средби берлинците остварија три победи и ремизираа со Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести