Мајсторски гол на Бензема, со петица го матираше Тер Штеген (Видео)

Карим Бензема го постигна својот седми погодок во Ел Класико и веројатно најдобриот за него. Францускиот голгетер одлично реагираше во 14 минута и погоди по асистенција на Лукас.

Барселона беше во напад, домаќините ја освоија топката и направија контра напад. Лукас центрираше, а Бензема во мајсторски стил со петица успеа да го матира Марк Андре тер Штеген за предност на Кралскиот клуб од 1:0. За Бензема ова е 19-ти погодок сезонава во Примера дивисион.

https://streamable.com/7nc1bf

https://youtu.be/UTQ6TJnEXMI

https://twitter.com/i/status/1380962549617754113

- Оглас -

Најнови вести