Тричко знае и мајсторски и англиски- Кралот на стрелците во Кипар го прегази и лидерот Анортозис (Видео)

Иван Тричковски не простува и со голови го тресе Кипар, а вечерва со два импресивни удари му донесе победа на АЕК против лидерот Анортозис од 2:1 во дербито на Ларнака.

Популарниот Тричко беше прецизен од слободен удар во 16. минута, со што го постигна 20. гол во првенството.

Дека е заслужено Крал на стрелците во кипарското првенство со 21 погодок во регуларниот дел од шампионатот потврди со нов убав погодок во 49. минута. Во англиски стил македонскиот репрезентативец скокна највисоко во противничкиот простор и со удар со глава повторно ја затресе мрежата на домашниот тим.

АЕК го заврши регуларниот дел од шампионатот на петтата позиција и ќе игра во плејофот за титулата заедно со Анортозис, Омонија, АПОЕЛ, Аполон и АЕЛ.

- Оглас -

Најнови вести