Мајсторски тикет на играч од Гостивар: Со уплата од 150 денари си ќари 3.500 евра (Фото)

Играчите во Sport Life и овој викенд се покажаа во одлично светло. Во продолжение само дел од одличните тикети, каде што типувачите со мала уплата освојуваат големи добивки.

НЕКОЛКУ ПОГОДОЦИ ВО ФИНИШОТ ОД НАТПРЕВАРИТЕ КЛУЧНИ ЗА ГОЛЕМАТА ДОБИВКА

Играчот од Гостивар само за 150 денари уплати успеа да погоди 10 натпревари и да добие скоро 3.500 евра, односно 215.997 денари.

Клучни во добивката се неколку голови кои беа постигнати во финишот од натпреварите, но и два пресврта. Натпреварот Њукасл – Манчестер јунајтед е одигран двојна шанса 1Х и 2+, а клучниот погодок за да биде погоден беше постигнат дури во 88-мата минута. Слично беше и на дуелот помеѓу Атлетико Мадрид и Бетис. Тука се чекаше победа на домашните и нула до три голови. Победникот беше речен во 86-тата минута.

На натпреварот Виљареал – Реал Сосиедад сè течеше според планот сè додека домашните не постигнаа два брзи погодока и тука се чекаше само судијата да означи крај. Слично беше и на дуелот Рома – Сампдорија.

Без поголеми проблеми мина и натпреварот Чавес – Брага, на кој се чекаше победа на гостите и од два до четири погодока. Дуелот заврши без поголеми драми, 1-2. По истото сценарио погоден беше и типот за натпреварот Мехелен – Бриж, кој заврши со победа на гостите од 0-3.

Неизвесно беше во Истанбул, на дербито Фенербахче – Бешикташ. Играчот имаше одиграно двојна шанса на гостите и повеќе од два голови. Првото полувреме заврши со предност на домашните од 1-0, кои промашија и пенал за 2-0 во вториот дел. Во продолжение од натпреварот имаше комплетен пресврт на Бешикташ и уште еден погоден пар на тикетот.

Натпреварот од втората турска лига Ризеспор – Бандирма заврши со почетните 0-0 и повторно без многу мака беше погоден натпревар со типот 1Х и 0-3 голови.

Дуелот помеѓу Универзитате Крајова и Клуж заврши со резултат 1-1, а двата погодока паднаа во завршниот дел од натпреварот, што беше доволно да се погоди играта Х2 и 2+.

Вториот пресврт кој се чекаше беше на дуелот Копенхаген – Нордсјиланд. Гостите имаа водство на полувремето од 0-1, но следуваше пресврт во вториот дел. Кога Копенхаген го постигна и голот за водство, веќе сè беше јасно дека и овој натпревар е погоден.

 

СО ТРИ НАТПРЕВАРИ ДО ДОБИВКА НАД 2.000 ЕВРА

Типувач од Струга со три натпревари и со уплата само од 200 денари си доби над 2.000 евра, односно 139.508 денари. Големи квоти и игри на многу голови беа клучни за овој тикет да биде добитен.

Најмала квота на тикетот беше дуелот помеѓу Сапоро и Кавасаки од јапонското првенство со 4.45. Се очекуваа најмалку по два погодока во првото и второто полувреме. Во првиот дел беа постигнати дури пет погодоци, но во вториот дел на вториот погодок се чекаше дури до 86-тата минута.

На натпреварот од третата турска лига помеѓу Јормаспор и Ескишехир квотата за ГГ3+ во првото полувреме беше рамно 11. И така беше, на овој натпревар во првото полувреме беа постигнати дури четири погодоци, односно 1-3. Типот беше погоден уште во 31-вата минута, кога домашните намалија на 1-2.

Најголема квота на тикетот имаше натпреварот Даежон и Сеул, 14.25. На овој дуел се чекаше двете екипи да постигнат погодок и во првото и во второто полувреме. Првиот дел заврши ГГ без поголеми проблеми, но драмата беше во второто полувреме. Гостите постигнаа погодок и се чекаше само на гол за домашната екипа за големата добивка во Струга. Погодокот за добивка падна во 89-тата минута од мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести