Македонец ја стопи „лавината“ во Флорида

Тампа Беј лајтнинг покажа зошто е најдобар тим во хокеарската НХЛ лига сезонава, го разби Колорадо авеланч, кој е меѓу поуспешните тимови на Западот, а најдобар поединец на средбата беше Стивен Стамкос, играч чиј татко е од егејскиот дел на Македонија.

Македонскиот Канаѓанец даде два гола, имаше и две асистенции, сите четири поени му беа во првите две третини, па му помогна на својот тим да ја извојува шестата победа едноподруго. Стамкос е рекодер на Тампа Беј со 13 меча на кои имал барем четири поени, подвиг каков што не му успеал на ниту друг хокеар во клупската историја на тимот од сојузната држава Флорида.

Вашингтон убедливо го совлада Колумбус без да прими гол, а Александер Овечкин го постогна својот 22. гол сезонава, со што е лидер во лигата. Русинот на 11 меча по ред има или гол или асистенција.

Њујорк ренџерс дури по изведување на пенали успеа да ја победи Флорида и да ја прекине црната серија од три меча по ред без радост. Низа од три порази прекина и Бостон, а „сенаторите“ од Отава после 1,20 минути во екстра периодот, дадоа гол за триумф над „пингвините“. Детроит водеше 2-0, а загуби од „островјаните“ од Њујорк.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Торонто 6:3, Колумбус – Вашингтон 0:4, Детроит – Њујорк ајлендерс 2:3, Флорида – Њујорк ренџерс 4:5 (после пенали), Отава – Питсбург 2:1 (по продолжение), Тампа беј – Колорадо 7:1, Аризона – Сан Хозе 3:5, Калгари – Нешвил 5:2.

- Оглас -

Најнови вести