Македонија без Јакимовски во Перм – Вашингтон стејт не му дозволи да игра за националниот тим

Андреј Јакимовски, големиот македонски талент и кошаркар на Универзитетот „Вашингтон стејт“, нема да биде со нашата репрезентација во Перм на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2022 година.

Во Кошаркарската федерација пристигна информација од таборот на Вашингтон стејт дека младиот бек нема да биде ослободен од обврските, што значи дека нема да игра за Македонија на двата дуели со Италија и против Русија и Естонија од 18 до 23 февруари во Перм, Русија.

„Добивме и официјална писмена потврда од Универзитетот Вашингтон стејт со која нè информираат дека Андреј Јакимовски не може да биде ослободен од обврските во тој временски период. Го прифативме тоа, ќе играме без сите кои ќе ги немаме на располагање“, потврдува спортскиот директор на нашиот национален тим, Тодор Гечевски.

Од останатите наши интернационалци, првиот дел од подготовките во Скопје поради професионални клупски обврски, ќе го пропуштат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Димитријевиќ сo неговиот клуб Хувентуд се учесници на финалниот турнир од Купот на Кралот во Шпанија, кој се игра во периодот од 11 до 14 февруари во Мадрид.

Ѓуроски со Аликанте на 13 февруари од 18.30 часот има натпревар од ЛЕБ Оро лигата на Шпанија, на гостински терен против екипата на Ковиран Гранада.

Според претходно договореното, чартер-авионот на нашиот национален тим на 15 февруари полетува кон Русија, поточно до Перм, каде што на 18 февруари е првиот од четирите квалификациски натпревари за пласман на Евробаскетот 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

  1. Вашингтон Стејт е оддалечен 4000км от главниот град на САД.

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести