Македонија е пресилна за Словачка, реваншот ќе биде прослава на нов пласман на ракометно СП

Македонската машка ракометна репрезентација речиси сигурно ќе игра на Светското првенство кое во јануари 2017 ќе се одржи во Германија.

Тимот на селекторот Кирил Лазаров ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Прешов против Словачка и славеше со 31-24, што значи пласман на СП кој треба да биде потврден на реваншот в недела во Скопје. Тој меч ќе биде само формалност, разликата во квалитет е видлива.

Кузмановски со 10 и Лазаревски со 7 голови се истакнаа со ефикасност, а Томовски имаше 13 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести