Македонија е виновна што Кјелини и Јуве „раскинаа“

Сензационалниот триумф на Македонија од 1-0 против Италија во баражот за Мундијалот во Катар е главната причина што Џорџо Кјелини по 18 години го напушти Јувентус.

Како што самиот изјави за италијанските медиуми, Кјелини ќе останеше во редовите на Старата дама доколку националниот состав на Манчини успееше да се пласира на претстојното СП.

„Точно е дека имав намера да останам во Јувентус доколку обезбедевме пласман на Светското првенство. Понудата беше на маса, постигнат беше и вербален договор со клубот, меѓутоа плановите се сменија“, истакна Кјелини.

Ветеранот на 37 години кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата каде што ќе ги брани боите на Лос Анџелес. Таму заминува како слободен играч, а ангажманот ќе се официјализира по репрезентативниот циклус во Лигата на нациите.

Инаку Кјелини по 117 настапи за Аѕурите се повлече од репрезентацијата. Неговиот последен настап беше на „Вембли во Лондон пред неколку дена, кога Италија убедливо загуби од Аргентина во мечот за Финалисимо трофејот.

- Оглас -

Најнови вести