Македонија е во одбојкарски транс, вечерва ривал е најдобрата репрезентација во светот!

Македонската одбојкарска репрезентација ја испишува најблескавата историска страница од постоењето. Со две победи во првите две кола на Европското првенство, нашите одбојкари за прв пат обезбедија место во осминафиналето на континенталниот собир.

Навивачите во салата „Борис Трајковски“ беа во делириум по победите над Данска и Црна Гора, а сега следи ново големо шоу. Вечерва, противник на Македонија е некогашниот европски, светски и олимписки првак Полска. Оваа селекција е актуелен освојувач на Лигата на нации и најдобро рангирана селекција во светот на ФИВБ табелата. Вкупно 26 медали има Полска на големите натпреварувања.

Едноставно Полска е светска велесила во чии редови играат ѕвезди од планетарен калибар, па токму затоа и е голем фаворит за победа. Во првите две кола Полска со 3:0 ја победи Чешка, а против Холандија славеше со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести