Македонија ги доби ривалите за ЕП, цел е поминување на групата

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра против Холандија и Романија во групната фаза на Европското првенство, кое ќе се игра од 4 до 20 ноември оваа година. Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се коорганизатори на овој континентален турнир.

Домаќини-градови ќе бидат Скопје, каде што ќе се играат мечевите од Група Ц, Подгорица (на мечевите од група Д), Љубљана (на мечевите од група А) и Целје (на мечевите од група Б). Ждрепката во Љубљана одлучи како ќе изгледаат групите на ЕП, каде првопласираните три од секоја група ќе помине во следната фаза.

Група А: Норвешка, Хрватска, Унгарија, Швајцарија.

Група Б: Данска, Шведска, Словенија, Србија.

Група Ц: Франција, Холандија, Македонија, Романија.

Група Д: Полска, Германија, Црна Гора, Шпанија.

Македонија во првото коло ќе игра против Франција на 5 ноември, во второто коло противник ќе ни биде Холандија на 7 ноември, додека на 9 ноември ќе играме против Романија.

- Оглас -

Најнови вести