22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Македонија Ѓорче Петров како домаќин против ЦСКА ќе игра на комплексот на ФФМ во Ново Лисиче

За да им излезе во пресрет на трите бугарски тимa кои требаше да бидат домаќини во ист ден, УЕФА ги смени домаќинствата на Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија, па првиот меч од овој двобој од второто квалификациско коло за Конференциската лига ќе се игра во Скопје.

Лавовите ќе ги пречекаат Червените на 21 јули, на теренот на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ во скопско Ново Лисиче. Саатницата на почетокот ќе се одлучи дополнително, најдоцна до 22 јуни.

Реваншот ќе се игра на 28 јули, на стадионот „Бугарска армија“ во Софија, кој е вистински дом на Армејците, иако имаше најави дека средбата можеби ќе се игра на националнниот стадион „Васил Левски“.

- Оглас -

Најнови вести