Македонија ЃП одбраната на трофејот во Купот на Македонија ја започнува со дуел против Вардар

Денес беше извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија, во кое се вклучуваат и екипите кои беа слободни во првото коло, а минатата сезона играа во полуфиналето.

Бранителот на трофејот, Македонија ЃП, за противник го доби најтрофејниот македонски клуб, Вардар, и овој дуел е најинтересен во осминафиналето.

Ждрепата сакаше да има уште три прволигашки дуелa, а останатите четири двојки се помеѓу прволигаши и второлигаши или третолигаши.

Двојки – 25.10.2023, 14 часот

Вардар – Македонија ЃП
Брегалница – Јанг Тим
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга

Се игра само еден натпревар, победниците продолжуваат во четвртфиналето. Доколку натпреварот заврши нерешено, се изведуваат директно пенали.

- Оглас -

Најнови вести