Македонија ЃП повеќе од 10 години чека победа против Шкендија

Македонија Ѓорче Петров ја пречекува Шкендија, во дербито на 12. коло во Првата фудбалска лига. Екипата од Ѓорче Петров има два бода повеќе од актуелниот првак и ќе игра на свој терен. Сепак, традицијата е на страната на тетовци. Во последните 14 меѓусебни дуели, Шкендија има 10 победи и четири нерешени. Македонија ЃП последен пат против овој ривал се радувал во април 2008 година, кога победил со 1:0.

Академија Пандев се надева дека ќе ја продолжи серијата победи. Струмичани имаат три триумфи во низа, а денеска гостуваат кај Борец во Велес. Во август, Академците славеа со 2:0 во Струмица, но сега ќе им биде многу потешко, посебно ако се знае дека Борец е без пораз во петте средби пред своите навивачи (три победи, две реми). Академија Пандев на петте гостувања има гол разика 3-2, што само покажува дека играат затворено.

Во останатите мечеви кои денеска од 13:30 часот ќе играат Ренова – Шкупи и Силекс – Струга Трим Лум.

 

- Оглас -

Најнови вести