Македонија и Франција ќе го отворат ракометното ЕП, и тоа на фудбалски стадион

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра на првиот натпревар на претстојното Европско првенство, и тоа на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, потврди денеска Европската ракометна федерација (ИХФ).

ЕХФ го објави распоредот на натпревари за ЕП кое од 10 до 28 јануари 2024 година ќе се одржи во Германија, а честа да го отвори континенталиот собир ќе ја имаат избраниците на селекторот Кирил Лазаров и тоа против една од најсилните репрезентации во историјата на ракометот, Франција. Натпреварот треба да започне во 18 часот.

Натпреварот ќе се игра на „Меркур Шпил арената“, фудбалски стадион во Дизелдорф кој специјално за ЕП ќе биде пренаменет за одигрување ракометни натпревари.
Само 150 минути подоцна, во Дизелдорф ќе играат и останатите две селекции од групата А, Германија и Швајцарија.

Според распоредот на натпревари, Македонија во второто коло ќе игра против домаќинот Германија, и тоа во Берлин на 14 јануари, со почеток од 20.30 часот.
Во последното коло од групата А, Македонија на 16 јануари од 18 часот ќе игра против Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести