Македонија и Хрватска жалат за трагичната смрт на Денис Тот: Ништо веќе нема да биде исто без тебе

Македонија и Хрватска, но и целиот ракометен свет денеска жалат за прераната смрт на Денис Тот, кој играше за нашиот прволигаш РК Бутел.

Од 27-годишниот хрватски интернационалец кој играше во македонското првенство се простуваат клубовите, ракометарите, симпатизерите на ракотметната игра и обични луѓе.

„Прерано нè напушти. Почивај во мир. Без тебе веќе ништо нема да биде исто“. Со овие зборови на социјалните мрежи од Денис се прости неговиот брат Борис Тот.

Попладнево беше објавено дека младиот ракометар ја загуби животната битка, откако утрово бил донесен во критична состојба во Клиничкиот центар во Скопје.

Докторите се обидуваа да му го спасат животот на Тот, кој неофицијално имал проблеми со срцето.

Претходно беше објавено дека Тот бил повреден во тепачка во дискотека во Скопје, но тоа беше демантирано.

- Оглас -

Најнови вести