Maкедонија и официјално во Сегментот Ц од Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација во сезоната 2020/221 од Лигата на нациита  на УЕФА ќе игра во Сегментот Ц заедно со уште 15 репрезентации кои ќе се борат за пласман во поквалитетниот ранг. Не дека оваа информација е непозната, нашите Рисови беа најдобри во својата група во Сегментот Д откако обезбедија плејоф за пласман на ЕП 2020, но УЕФА денес ги потврди промените на форматот во меѓународнотo натпреварување, како и учесниците во сите четири сегменти.

Македонија на 3 март 2020 година ќе ги дознае противниците во групната фаза, а Сегментот Ц ќе биде поделен во четири групи по четири противници. Покрај нашата селекција, тука се: Албанија, Црна Гора, Грција, Грузија, Косово, Белорусија, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Промени претрпе Сегментот А, каде што во новата сезона ќе има 16 учесници наместо 12, кои исто така ќе бидат поделени во четири групи, што значи дека четирите репрезентации кои лани беа последни нема да испаднат во понискиот ранг, а тоа се Германија, Исланд, Полска и Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести