Македонија и оваа сезона има фудбалер кој се радува на титула во Лига на шампиони (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со неговиот клуб Ал-Ахли се освојувачи на титулата во азиската Лига на шампиони. Во финалето кое се одигра во Џеда, Ал-Ахли без многу проблеми со 2:0 го победи тимот на Кавасаки Фронтале од Јапонија.

Алиоски го одигра целиот меч на левата бековска позиција и со тоа стана третиот Македонец кој се радувал на трофејот во Лига на шампиони на Азија. Претходно тоа им успеваше на Саша Огненовски и Стевица Ристиќ.

Ал-Ахли во 35 минута го скрши отпорот на противникот кога поведе со 1:0 со голот на Галено. До крајот на првото полувреме, погоди и Франк Кеси за 2:0, а потоа во вториот дел фаворитот рутински ја сочува предноста и стигна до највредниот фудбалски трофеј во Азија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести