Македонија игра со Чиле и чека во последен момент да биде повикана на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација од 17:30 часот во салата „Јане Сандански“ ќе го игра вториот контролен меч против Чиле. Нашите ракометари уште се со надеж дека може да добијат покана за настап на Светското првенство во Египет, доколку Чешка не ги реши проблемите со многуте заразени репрезентативци со Коронавирусот.

Македонија пред неколку дена го победи Чиле со 25:21, а доколку се случи чудо и добиеме покана за настап на СП, таму ќе играме и по трет пат, затоа што Чешка е во група токму со оваа селекција од Јужна Америка.

За денешниот меч, селекторот Данило Брестовац реши да ги одмори искусните Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов, а шанса ќе добие и голманот Никола Даниловски.

- Оглас -

Најнови вести