Македонија ја заврши 2018 година на 68-мото место на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација четврти месец по ред е на 68-мото место на ранг-листата на ФИФА и на таа позиција ја завршува 2018 година.

Интересно е што во топ 100 имаше само една промена во однос на претходното рангирање и местата ги заменија Оман и Замбија на 82-рата и 83-тата позиција, сè останато е исто како и во ноемвриското рангирање.

На прво место годината ја завршува Белгија, пред светскиот првак Франција, а потоа во топ 10 следат Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

- Оглас -

Најнови вести