Македонија ќе игра против повеќе од половина милијарда евра

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја очекува исклучително тежок предизвик на гостувањето кај фаворизираната Германија, која располага со светски ѕвезди кои треба да се погрижат да нема големо изненадување во Дуисбург.

Составот на четирикратниот светски првак делува застрашувачки, иако е познато дека Мануел Нојер за овој меч нема да биде меѓу диреците. Од клучните играчи кои треба да одмораат е и Леон Горецка, но и без ѕвездите на Баерн, составот на Лев делува доста моќно.

Како потврда за тоа е вредноста на секој фудбалер од најавените 11 кои треба да го почнат мечот против Македонија, а според „Трансфермакрт“, овој тим вреди повеќе од половина милијарда евра, наспроти вредноста од вкупно 48 милиони евра на составот на Ангеловски, кој веројатно ќе истрча од првата минута на „МСВ арената“.

Како најскап германски фудбалер е Џошуа Кимих со вредност од 90 милиони евра на пазарот, додека нашиот дијамант Елиф Елмас има најголема вредност од 18 милиони евра.

Германија (милиони евра):

Тер Штеген (75), Клостерман (32), Рудигер (25), Чан (26), Гинтер (35), Кимих (90), Гундоган (40), Хаверц (70), Сане (60), Гнабри (70) и Вернер (65) = 590 милиони евра.

Македонија:

Димитриевски (1,5), Ристовски (3), Муслиу (1,1), Велковски (2), Ристевски (400.000), Адеми (6), Барди (15), Алиоски (4), Трајковски (600.000), Елмас (18) и Пандев (400.000) = 48 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести