Македонија ќе има одлично засилување од Лос Анџелес – Мусовски прифати да игра за нашата репрезентација

Даниел Мусовски ќе игра за македонската фудбалска репрезентација, откако го прифати предизвикот и ќе биде повикан за ноемвриските мечеви во Лигата на Нации.

Од фудбалската федерација на Македонија потврдија дека има договор со 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес ФЦ. Сега треба да се средат сао административните работи и членот на тимот од Ел-Еј да може да настапива за Македонија.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција, изјави Игор Ангеловски.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада. Во МЛС лигата која е најсилна во Северна Америка 24-годишниот напаѓач беше член на Сан Хозе ртквејк, пред да се пресели во Лос Анџелес ФЦ.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон, Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.

- Оглас -

Најнови вести