Македонија лошо мина резултатски во Анталија, но и нашите противници во ЛН не се прославија (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија резултатски мина лошо на пријателските натпревари, кои ги одигравме во Анталија, откако ремизиравме 1-1 против Молдавија, а од Црна Гора загубивме со минимални 1-0.

Сепак, ништо подобро не поминаа и селекциите кои се со нас во групата од Лигата на нациите, чие ново издание започнува во септември оваа година. Летонија на домашен терен одигра само 1-1 против Лихтенштајн, во меч во кој Летонците се посрамотија и си постигнаа автогол во 15-тата секунда.

Најголемиот конкурент на Македонија, барем според рејтингот, Ерменија, загуби од Чешка со 2-1 на гостински терен, иако имаше водство преку Севикјан. Токму Чешка ќе биде наш противник во пријателски меч на 10 јуни.

Пораз доживеаја и Фарските Острови, кои со 2-0 загубија од многу поквалитетната Данска во Брондби.

- Оглас -

Најнови вести