Македонија не само што ќе победи, туку се очекува тоа да биде со 10+ разлика

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започнува квалификациите за пласман на следното Европско првенство 2024 година, а прв ривал е Луксембург. Покрај Луксембург, во група со Македонија се уште и селекциите на Португалија и Турција, а главна цел на нашата селекција е на крајот да биде на едно од првите две места.

Луксембург е една од ретките европски селекции против кои Македонија нема играно досега, а според квалитетот, воопшто не треба да има дилеми дека во салата „Борис Трајковски“ вечерва ќе се радуваат нашите ракометари и навивачи.

Селекторот Кирил Лазаров го одбра списокот за дуелот кој започнува од 19 часот, а на него ги нема Дејан Манасков и Мартин Томовски, а од списокот отпаднаа и Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.

Според понудата во Sport Life, се очекува Македонија дури да победи со двоцифрена разлика, па хендикеп границата е дури на 10,5 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести