Македонија не успеа да го добие првиот шампион во КОНКАКАФ зоната (Видео)

Дени Мусовски не успеа да стане првиот Македонец победник во Лигата на шампионите на Северна и Централна Америка откако неговиот Лос Анџелес загуби во финалето со 2:1 од Тигрес од Мексико. Мусовски, кој допрва треба да дебитира за македонската репрезентација, беше стартер во финалето и го одигра првото полувреме, кое заврши без голови.

Во второто полурвеме, Лос Анџелес добро започна и со погодокот на Роси поведе со 1:0 во 61-вата минута. Само 30 минути го делеа тимот на Мусовски до шампионскиот пехар, но играчите на Тигрес не се предадоа. Мексиканците не само што ја анулираа предноста, туку на крајот направија целосен пресврт и стигнаа до победа од 2:1, што беше доволно за шампионска радост.

Ајала израмни во 72-рата минута, а Жињак со голот во 84-тата минута донесе титула за Тигрес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести