Македонија од следната сезона нема да има свој претставник во ракометната Лига на шампиони откако падна пет места на најновата ранг-листа. Македонија на најновата ранг-листа се наоѓа на 13-тата позиција, минатата година беше осма, а директен пласман во Лигата на шампионите обезбедуваат екипите од првото до деветтото место.
Според правилата на ЕХФ, се бодуваат настапите во секој европски куп одделно, и тоа според резултатите остварени во последните три сезони, а Македонија минатата сезона не освои ниту еден бод поради суспензијата на Вардар.
Ова е огромен пад за македонскиот ракомет бидејќи пред четири години Вардар ја освои втората европска титула (првпат триумфира во 2017 година).
Македонија ќе има можност да аплицира за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, но конечната одлука ќе ја донесе Европската ракометна федерација.
Според ранг-листата за следната сезона, Македонија ќе има два претставника во Лигата на Европа, од кои едниот ќе игра директно во групната фаза, а вториот тим ќе игра квалификации.
И во Купот на ЕХФ, Македонија ќе има два тима кои ќе мора да играат квалификации.