Македонија нема да загуби од Шведска, Реал ќе закаже Ел Класико финале

9286 Шведска – Македонија (20:30ч)

Десеткуваниот состав на Шведска е ситуација која и тоа како може да се искористи за со поволен резултат да се тргне на ракометното Светско првенство. Подмладената Македонија верува дека повикот во последен момент за учество на Мундијалот ќе донесе среќа, односно нивото на мотивација да се преточи на теренот во Каиро.

Досега во два наврати македонската селекција ги одмерила силите со Шведска, и тоа во 2012 година. Во групната фаза од ЕП ремизиравме при резултат 26:26, додека Швеѓаните славеа во квалификацискиот меч за ОИ во Лондон со конечни 27:23. Сепак, оваа половично нова генерација која ја предводи Данило Брестовац може да издвои подобар резултат, односно ќе даде сè од себе да не загуби на стартот.

Предлог X (11.0)

 

1353 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (21ч)

Барселона го елиминира Сосиедад, па сега се чека триумф на Реал против вториот баскиски клуб за да гледаме Ел Класико финале во шпанскиот Суперкуп. Кога се работи за завршна фаза на едно натпреварување, се подразбира дека Кралевите се неприкосновени во такви ситуации, особено со Зидан на клупата, кој цели на ново одличје во богатата кариера на клупата на гигантот од Мадрид.

Претходните меѓусебни дуели навестуваат дека Реал ќе се радува во средбата, како што беше случајот во три од последните пет лигашки натпревари на овие две екипи. Кралевите триумфираа со 3-1 над Билбао пред околу еден месец, резултат кој лесно може да се повтори и вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.55)

 

1006 Арсенал – Кристал палас (21ч)

Арсенал одамна не бил во позиција да атакува на петти триумф во низа во сите натпреварувања, па тимот на Артета во малото лондонско дерби ќе се обиде да го стори токму тоа. Топчиите наредија четири победи, во кои примија само еден погодок, што е знак дека одбраната се подобрува напоредно со ефикасноста на напаѓачите.

Во пет од претходните шест меѓусебни средби Арсенал и Кристал палас редовно постигнувале четири или повеќе погодоци, додека последниот меч пред околу една година заврши со реми од 1-1. Прашањето е дали Арсенал ќе го подобри учинокот на домашен терен и нема да прими гол во овој дуел.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.92)

 

3658 Аталанта – Калјари (21:15ч)

Многу е извесно дека Аталанта ќе ја продолжи серијата без пораз на 10 натпревари, односно ќе оди понатаму во Италијанскиот куп. Калјари потполно е надвор од форма и со четири наредени порази гостува во Бергамо.

Тимот од Сардинија славеше во три од последните пет гостувања кај Божицата, но во април минатата година беше торпедиран со убедливи 5-2. Можеби тој резултат нема да се повтори, но Аталанта без грешка ќе ја оправда фаворитската улога.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.70)

 

1637 Твенте – Ајакс (20ч)

Ајакс по ремито во дербито против ПСВ, гостува кај уште една екипа која своевремено му беше ривал на гигантот од Амстердам. Копјацините го сочуваа првото место на табелата во Ередивизија, меѓутоа што побрзо екипата на Тен Хаг мора да се врати во победнички ритам бидејќи Феенорд, Витесе и ПСВ чекаат кикс за да го тргнат Ајакс од врвот.

Твенте се обидува да го одржи чекорот со водечките екипи, меѓутоа забележа три порази во низа на домашен терен, па доколку не се сменат работите, ново разучарување може да претрпи од Ајакс. Затоа најдобро е овој меч да се типува на голови, што без исклучок ги има во изобилие кога се среќаваат овие две екипи.

Предлог тип: ГГ3+ (1.66)

 

- Оглас -

Најнови вести