Македонија никогаш не играла против Германија, но двапати играла во Германија

Ждрепката за фудбалскиот Мундијал во 2022 година, сакаше на патот на Македонија да се испречат Германија, Романија и Исланд како подобро рангирани од нас. Против Германија никогаш не сме играле, а сите други четири ривали ни се познати од минатото.

Против Германците никогаш не сме се сретнале, но Македонија двапати има играно во Германија. Тоа беа пријателски мечеви со Турција во 2006 (победа од 1-0) и Полска во 2008 година (реми од 1-1).

Од дуелите со Романија од квалификациите за СП 1998 немаме убави сеќавања, двапати бевме убедливо поразени со 0-3 и 2-4, а со нив игравме и во квалификациите за СП 2006, и повторно два порази. Но, последниот дуел со нив во 2010 година, на пријателски меч во австриски Вилах, Македонија го доби со 1-0.

Со далечниот остров на северот на Европа, Исланд, сме играле иустотака во квалификациите за СП 1998. Таму беше 1-1, дома победа од 1-0. Потоа во квалификациите за СП 2010, пораз на гости од 0-1, а дома победа од 2-0.

Со Ерменија имаме богато минато на меѓусебни дуели, последниот неодамна пораз од 0-1 во клучниот меч за влез во Лига Б од Лигата на нации, па овие квалификации за СП се шанса за реванш. Лихтенштајн е аутсајдер во групата. Против овој тим, Македонија има едно реми, другото се победи, од кои една од пред 24 години незаборавна од 11-1, и засега тоа е најубедлив македонски триумф.

- Оглас -

Најнови вести