Македонија ниту на 0-2 не се предаде, со пресврт го совлада Израел

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во подготвителниот период за настапот на Европското првенство откако вечерва во Кавадарци го совлада Израел со 3-2.

Дуелот на два од четирите домаќини на континенталниот собир траеше цели 140 минути, а Македонија победи откако губеше со 0-2.

Израел ги доби првите два сета со 25-17 и 25-22, а во третиот имаше водство од 22-20, но тука се случи пресвртот. Најпрво Македонија со серија од пет поени стигна до намалување на 2-1 и го освои третиот сет со 25-22, а потоа веќе сè беше полесно. Четвртиот сет го добивме со 25-19, додека тај-брејкот со 15-10.

Македонија останува да се подготвува во Кавадарци и веќе утре ќе игра пријателски натпревар против Јапонија, а во недела повторно ќе спарингуваме против Израел.

- Оглас -

Најнови вести