Одбојкарската репрезентација на Македонија денес пишува историја. Првпат во третото учество на Европските првенства ќе игра во осминафиналето. Противник ни е најдобрата светска репрезентација во моментов, Италија, и тоа на нејзин терен во Бари.
Фаворитот на овој дуел е познат, но Македонија направи историски успех со пласманот помеѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа.
Натпреварот помеѓу Италија и Македонија нема да биде прв меѓусебен, двапати имаме играно на Медитеранските игри, но се комбинирани репрезентации. Ова ќе биде прв меч на највисоко ниво.
Што се однесува до двата меѓусебни дуели, Италија два пати победи. На Медитеранските игри во 2013-тата година во Мерсин со 3-0 (25:18, 25:20 и 25:19), а исто беше и на игрите во Оран (Алжир) минатата година, кога Италија исто така не победи со 3-0 (25:19, 25:16 и 25:23).