Македонија повторно загуби 3:0, но овојпат има за што да жали бидејќи беше на чекор од освојување на сет

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и петиот пораз во петиот меч од Сребрената европска лига. Овојпат Македонија загуби со 0:3 на гостувањето во Летонија и остана единствената селекција не само без освоен бод туку и без освоен сет.

Во првиот сет Македонија добро започна и имаше предност, која во еден момент беше 10:8. Тогаш со серија од 8:1, Летонките го презедоа водството (16:11) и потоа рутински го одработија првиот сет за 25:19.

Во вториот сет домаќинките од самиот старт беа подобри. Поведоа со 8:4, а нашите одбојкарки даваа некаков отпор до 13:9. Потоа со серија од 7:1, Летонија стигна до убедливи 20:10 и лесно го доби вториот сет со 25:17.

Третиот сет беше најнеизесен. Летонките поведоа со 7:4, но нашите одбојкарки возвратија со низа од 5:1 и стигнаа до водство од 9:8. Македонија водеше со 14:10, потоа со 19:15 и со 21:17, па на 23:20 падна концентрацијата и противникот со четири поени во низа стигна до 24:23.

Потоа се играше неизвесно, Македонија имаше предност од 26:25, 27:26 и 28:27, но трите сет топки не беа искористени, па на крајот Летонија го доби и овој сет со 31:29.

Вечерва во Задар ќе игра и машката одбојкарска репрезентација против Хрватска, а нашите ракометари ја имаат фаворитската улога.

- Оглас -

Најнови вести