Македонија пропушти две сет топки против Русија – пораз од 3:0

Македонската ракометна репрезентација очекувано го претрпе третиот пораз на Европското првенство во Словенија. Нашите најдобри ракометари не можеа да парираат на актуелниот европски првак Русија и загуби со 3:0 во сетови.

Првите два сета Русите го добија доминантно. Во првиот беше 25:15, а вториот заврши 25:16 за фаворитот. Во третиот сет Македонија покажа дека не случајно е дел од елитниот одбојкарски собир. Русија поведе со 11:5, но нашите ракометари се вратија во игра и стигнаа до 13:13. Потоа се играше поен за поен, а во еден момент Македонија стигна до 25:24 и имаше сет топка, но не ја искористи.

Борбата за третиот сет продолжи, а Македонија не успеа да ја искористи и втората сет топка против големиот ривал. Водевме со 28:27, но на крајот го загубивме сетот со 30:28.

- Оглас -

Најнови вести