Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година загуби од врсниците од Косово со 1:3, на пријателски меч одигран на стадионот „Петар Милошевски“ крај тренинг центарот на ФФМ во Скопје.
Добро започнаа нашите надежи и со голот на Никола Величковски поведоа со 1:0 во 18 минута. сепак, кратко траеше водството, затоа што гостите израмнија во 29 минута кога прецизен беше Арјант Фазлија, што беше резултат по првото полувреме.
Во второто полиувреме, селекцијата на Косово ги искористи своите шанси и на крајот стигна до победа. Најпрво Куртиши погоди за предност од 2:1 за гостите во 66 минута, а сите дилеми околу победникот ги реши Куканај со погодокот постигнат во 87 минута по добро изведен корнер.
За одбележување е и тоа што Македонија покрај поразот, на цел меч не успеа да изведе ниту еден корнер. Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен дуел, в недела од 12 часот на „Петар Милошевски“.