Македонија со 4-4-2 ќе го нападне Лихтенштајн, Трајковски доби предност пред Несторовски (Фото)

Македонската репрезентација за еден час го почнува својот меч во Скопје против Лихтенштајн, на кој избраниците на Игор Ангеловски се големи фаворити за победа. Ангеловски направи одредени корекции во составот кој тргна против Романија, а новина е и формацијата од 4-4-2.

Во нападот ќе бидат капитенот Горан Пандев и Александар Трајковски. Новина се Марјан Радески и Стефан Спировски кои не играа со Романците.

На клупа се голманите Јанков и Шишковски, го нема Дарко Велковски, но селекторот има доста широк избор.

- Оглас -

Најнови вести