МОЖНИ СОСТАВИ: Македонија со тројца офанзивци ќе го нападне европскиот првак во Палермо (ФОТО)

Не можевме да добиеме потежок противник и пат во баражот за да ги гледаме нашите репрезентативци на Светското првенство во Катар. Средбата во Палермо, на стадионот „Ренцо Барбера“, која ќе започне од 20:45 часот е историска за нас и немаме што да загубиме.

Столе Димитриевски е во фантастична форма по ЕП и стискаме палци дека и вечерва ќе биде така. Стандардната дефанзивна четворка од Езџан Алиоски, Дарко Велковски, Виса Муслиу и капитенот Стефан Ристовски е подготвенa да го одбранi голот од силните италијански налети.

Во средината недостасува Елиф Елмас , но кого и да го нема, и без него се може, па така Енис Барди, Бобан Николов и „лавот“ Аријан Адеми ќе треба да одиграат со 200% од можностите.

Александар Трајковски знае како е да се тресе против оваа селекција, а се надеваме дека така ќе биде и вечерва, додека младите Дарко Чурлинов и Милан Ристовски ќе имаат мотив да ја погодат мрежата на голман од калибарот на Џанлуиџи Донарума.

Италијанците ќе бидат без, па можеби и своето најголемо оружје, легендите Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, кои ќе бидат заменети од младите Алесандро Бастони и Џанлука Манчини.

Останатото горе-долу се играчи коишто беа главни столбови и на ЕП. Триото Николо Барела, Жоржињо и Марко Верати се подготвени да доминираат во средината, а нам ни останува да се надеваме дека ќе биде токму спротивното. Напред, пак, голгетерот Чиро Имобиле ќе биде главната закана, иако и Лоренцо Инсиње и Доменико Берарди играат во исто така навистина фантастична форма.

Вреди да се спомене дека до налето Италијанците ќе бидат и без повредениот Федерико Кјеза, којшто беше еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Аѕурите на последното ЕП. Играчот на Јуве ги скина лигаментите и се наоѓа во процес на закрепнување.

Нам ни останува добро да се опремиме за овој меч и да уживаме бидејќи колку и да звучи клише, ова е меч во којшто можеме многу да добиеме, а ништо немаме да изгубиме.

- Оглас -

Најнови вести