Македонија У-19 ја загуби првата контролка против Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го загуби првиот од двата контролни натпревари против селекцијата до 19 години на Црна Гора со минимални 0-1 на градскиот стадион во Ѓорче Петров.

Иако составот на Арслани имаше бројни конкретни шанси за тресење на мрежата на гостите, Бишевац ја отвори средбата по малку повеќе од еден час игра. Македонија притискаше за израмнуваање до самиот финиш, меѓутоа не искористи ситуација со играч повеќе на теренот од 88-мата минута да избегне пораз.

Следната контролка против истиот противник е предвидена за 12 ноември со почеток во 11 часот.

- Оглас -

Најнови вести