Македонија вечер ќе урне рекорд, нека биде во победнички стил во Ереван!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот ќе урне еден рекорд, а желбата е да се прослави со победа против Ерменија.

Со ниту еден противник не сме играле меѓусебни натпревари како со Ерменците и ова ќе ни биде 12-тиот меч, што е најмногу откако сме независна држава.

До денеска Лихтенштајн и Ерменија ни се најчести ривали и имаме по 11 меѓусебни дуели, а од 18 часот ќе се смени историјата и Ерменците ќе ни бидат ривалот со кого најмногу сме војувале на фудбалски терен.

Билансот ни е израмнет со по четири победи, а трипати беше нерешено, исход што вечерва не им одговара на двете репрезентации во битката за второто место во Ј групата и евентуален настап во дополнителните баражи за Мундијалот во Катар.

Првиот меч со Ерменија го игравме на гостински терен во 1995 година, во квалификациите за ЕП и ремизиравме 2:2.

Досега шестпати им бевме домаќини и имаме три победи, еден пораз и двапати мечевите завршија нерешено.

На гости со Ерменците имаме биланс од една победа, таа во 2005 година со 2:1, два порази со 1:4 и 0:4 и ремито 2:2 на првиот официјален меѓусебен меч.

Уште еднаш игравме како гости, условно на неутрален терен во Никозија лани во ноември, и тогаш загубивме со 0:1 во мечот Лигата на нациите, што нè чинеше останување во Сегментот Ц, а им донесе прогрес на Ерменците во Сегментот Б .

 

- Оглас -

Најнови вести