Македонија во офанзива со Пандев, Елмас и Тричковски на победа против Летонија

Селекторот Игор Ангеловски одлучи да играа многу поофанзивно против Летонија, отколку што тоа беше случај со Израел и ќе нападне на три бода и победа со Иван Тричковски како шпиц на местото на Илија Несторовски и со Елиф Елмас и Горан Пандев кои се здрави и орни за игра и шанса ќе добие од стартот и Александар Трајковски.

Зад нив ќе играат Аријан Адеми и Енис Барди, а во формацијата 4-2-3-1 во одбраната ќе играат Алиоски, Бејтулаи на бековските позиции и сторперите Дарко Велковски и Висар Муслиу. На голот е Столе Димитриeвски.

 

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА: Димитроевски – Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Алиоски – Адеми, Барди, Трајковски, Пандев, Елмас – Тричковски. Селектор: И. Ангеловски

 

- Оглас -

Најнови вести