Македонија во супер позитивно расположение тренираше на „Јохан Кројф“ (Фото)

За секој фудбалер е задоволство да истрча на стадионот на Ајакс во Амстердам, особено сега кога овој објект го носи името на еден од најдобите европски фудбалери на сите времиња, Јохан Кројф, па така и македонските репрезентативци беа расположени додека го одржуваа официјалниот тренинг на теренот на кој утре ќе играат против Холандија, во последниот меч за Македонија на ЕВРО 2020.

Добра вест е што тренираше и капитенот Горан Пандев, кој утре се простува од националниот тим. Пандев вчера беше поштеден и не тренираше на тренинг-центарот на Ајакс, поради болки во зглобот на ногата, но денеска се појави и ќе биде предводник на дуелот со Лалињата.

- Оглас -

Најнови вести