Македонка ќе го суди финалето на ЕП за фудбалерки до 19 години

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.

Пројковска во фазите од групи ја делеше правдата на натпреварите помеѓу Англија и Германија и Франција – Норвешка, додека во полуфиналниот меч помеѓу Германија и Холандија беше четврти судија.

Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето помеѓу Германија и Франција, нашата судијка го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера. Натпреварот ќе се одигра на 28 јули, со почеток во 17 часот, а ќе може да се проследи во живо на www.uefa.tv и на СпортКлуб.

Помошници на Пројковска во финалето ќе ѝ бидат Каролин Калвоја од Естонија и Александра Теодора Апосту од Романија. Најдобрата македонска судијка e во првата категорија на судии во УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести