Македонската лига не е најслаба во Европа, има клубови кои играат и претквалификации за ЛШ

Македонија е на катастрофалното 52-ро место во конкуренција на 55 европски земји според клупскиот коефициент на УЕФА, само клубовите од Андора, Црна Гора и Сан Марино имаат полош учинок во европските купови од клубовите кои ја претставуваат нашата земја.

Денеска се играат првите мечеви од претквалификациите, дуели ќе имаат првакот на Андора против црногорскиот и најдобрите од Сан Марино против Исланд. Исланд има подобар коефициент од Македонија, но нивниот шампион се најде во претквалификациското коло.

Македонскиот првак Струга Трим Лум ќе игра во првото коло од квалификациите против литванскиот Жалгирис, а ако го мине, во второто би играл со турскиот Галатасарај. Инаку, Македонија ќе има „дури“ четири тимови во европските купови. Пет земји имаат по три клуба, а Лихтенштајн само еден.

- Оглас -

Најнови вести