Македонски репрезентативец се сели во Борац Бања Лука?

Даниел Аврамовски не играше за Вардар на контролниот меч против Борац Бања Лука, но од клубот од Република Српска во Босна и Херцеговина добро се запознати со квалитетите на македонскиот репрезентативец и веќе контактирале околу евентуален ангажман.

Целта на Борац е сезонава да излезе на европска сцена, потајно се надеваат дури и на титула и сакаат да се засилат, а доколку го земат Аврамовски, тоа секако би било голем плус за нив, а хендикеп за Вардар, кој е лидер во македонското првенство и засега е фаворит за титулата.

Аврамовски, кој игра во средниот ред, на 18 меча за Вардар сезонава има 9 гола, има и шест асистенции и, секако, е најзаслужен што Вардар е прв. Даниел има играно за клубови од Србија и Словенија, нема да му биде нешто ново трансфер во клуб од поранешна Југославија, но дали ќе замине, ќе зависи од состојбата со финансирањето во Вардар.

- Оглас -

Најнови вести