Македонскиот маратонец Елиф Елмас – Одигра 70 натпревари во 2021 година, само тројца во Европа се пред него (Фото)

Елиф Елмас ќе ја памети 2021 година по голот што и го даде на Германија во Дуисбург за сензационална победа на Македонија од 2:1, секако и по настапот на Европското првенство со националната репрезентација, но и по неверојатни 70 натпревари што ги одигра комбинирано за Наполи и за Македонија.

Македонскиот фудбалски маратонец е на високото четврто место во Европа според бројот на одиграни натпревари во ланската година, а пред него се само Бруно Фернадеш, Каспер Шмајхел и Рубен Дијас.

Ист број на натпревари 70 како Елмас одигра и Мејсон Маунт и тоа е петорката фудбалери на Стариот континент што одиграа најмногу натпревари во 2021 година.

Бруно Фернандеш, поранешниот цимер на Стефан Ристовски од ерата кога заедно играа во Спортинг е на врвот со 73 одиграни натпревари во ланската година, а еден меч помалку од него на голот на Данска и на премиерлигашот Лестер има Каспер Шмајхел.

Стоперот на Манчестер сити и на Португалија, Рубен Дијас стаса до бројката од 71 одигран меч, а по водечкиот трилинг се Елмас и Маунт со по 70 одиграни мечеви.

- Оглас -

Најнови вести